Според мислењето на многуте експерти и архитекти, за да се уреди еден животен простор најпрвин треба да се има имагинација, а потоа треба да се вложи огромен труд и да се работи на тоа да се дојде до посакуваниот ефект.
Уметност, уметност и уште уметност. Без разлика дали се во прашање скапи уметнички дела или антиквитети, колекционерството е мошне интерeсна работа. Доколку имате омилен предмет или омилена уметничка слика, позиционирајте ја на видливо место во вашиот дом. Слободно поставете и некое интересно парче на стар предмет(антиквитет) и ќе направите интересна комбинација на модерно и старо, а познато како еклектика.
Бидете индивидуалци и внесете свој автентичен потпис во вашиот животен простор. Не го сфаќајте уредувањето премногу сериозно. Нека вашиот дом изгледа автентично, исполнето со несовршености, бидејќи всушност во нив се крие целата убавина.