Chanel модните додатоци секогаш привлекуваат големо внимание …
За лето 2018, овој познат бренд ни предлага омбре чанти.
Овие прекрасни луксузни парчиња се достапни во неколку големини – од гламурозни clutch модели со синџир до паричници, така што секој има опција да одбере идеален моден додаток за секоја пригода. Тоа што сите го имаат заедничко се пастелните тонови на сина, зелена и розова, кои се прелеваат со белата боја на најубава мазна кожа.