Перничињата на нашиот кревет или кауч, ни овозможуваат да создадеме амбиент кој што со задоволство го уживаме, кога во него престојуваме.
Сите ние, сакаме да ги пресоздадеме прекрасните сцени на стилизирани дивани и кревети што толку пати сме ги виделе во списанијата за внатрешен дизајн.
Еден од наједноставните начини за преуредување на вашата дневна или спална соба, а при тоа да не банкротирате е додавањето на перници со различни големини, бои, текстури, обрасци и форми.
На едноставен, но ефектен начин можете да создадете сосема нов амбиент.
Ако барате инспирација, ви ги прикажуваме најубавите перничиња од новата колекција на H & M.