Ако се сметате за познавачи на модата, овие факти ќе ве разубедат …
Сите ние ја сакаме модата, козметиката, фризурите и редовно го следиме секој чекор на модните икони на Instagram. Повеќето жени знаат сè за актуелните трендови, но тоа не е и случај со историја на модата.
Ви презентираме факти за светот на модата, за кои сме сигурни дека без разлика колку сте обожаватели на модата, сигурно не знаете.
– Првиот трговски центар бил изграден во антички Рим.
– До средината на 16 век не постоела детска облека, каква што ја знаеме денес, а децата носеле облека за возрасни само во помали димензии.
– Вештачките трепки првпат се појавиле во 1916 година, кога режисерот D.W.Griffith нарачал вештачки трепки за актерката Seenа Owen.
– Lacoste е првиот бренд кој ставил лого на облеката.
– Во времето на ренесансата, жените имале презир кон веѓите и ги бричеле целосно.
– Здолништата, се второто најстаро парче облека што некогаш било измислено, а постаро е само парчето ткаенина кое ги покривало полните органи.
– Во 15 век било модерно да се биде трудница, па девојките лажирале труднички стомак со ставање перници под облеката.
– Кратките здолништа почнале да се дизајнираат, за да им олеснат на жените да влезат во автомобилот.
– Високите потпетици првично биле наменети за мажи, бидејќи им го олеснувале јавањето на коњите.
– Момчињата на возраст под 5 години носеле фустани се до почетокот на 20 век.
– За време на владеењето на Елизабета I во Обединетото Кралство, носењето на шапка било задолжително, а за не почитување на ова правило биле одредувани строги казни.
– Белата облека низ историјата била симбол на тага, се додека англиската кралица Викторија не одлучила да облече бел фустан како венчаница.
– Кратката коса е модерна денес, но во минатото, се сметало дека жените со кратка коса ги вараат своите сопрузи.