Летните романтични, женствени сетови се хит и веќе се секаде присутни. Без разлика дали се дизајн на познати модни куќи или на high street брендови, ние сме сигурни дека и вие ќе најдете сет кој ќе одговара на вашиот буџет.
Да се разбереме, сетот се состои од две парчиња облека со идентичен принт, дезен или шара.
Во овој случај станува збор за топ/блуза, комплетирана со идентични панталони или здолниште.
Модерни се сетови со линии, цвеќиња или од тантела, а можат да бидат ретро, витиџ, романтични …
За одмор
Морнарскиот стил е јасна асоцијација на море, острови, уживање…
За плажа – неутралните тонови се идеални да ве заштитат од високите температури
За посета на сафари или за престој во некој ресорт – со сламена шапка …
За прошетка по град или летна забава во предвечерните часови
Екстравагантен сет за венчавка или некоја свечена прилика