Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Ирма Башеска
Ирма е фотограф – аматер, која не се ограничува во правците на фотографијата. Портрети, пејсажи, а најмногу архитектура се главните теми во кои таа ја бара својата инспирација.
Победничката фотографија е направена во Токио со мобилен телефон – Huawei 10 Mate lite. На фотограгијата е претставена „izakaya“, што претставува јапонски паб во кој се служи храна.
Контакт со Ирма можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram и преку е-маил irmabaseska@yahoo.com.
Христина Амбароска
Христина Амбароска е фотограф – аматер која активно се занимава со фотографија веќе две години, чија инспирација и мотивација биле поттикнати од патување во Германија.
Победничката фотографија е направена на скопскиот плоштад со Nexus 5, а едитирана во Snapseed и Instagram.
Христина можете да ја контактирате преку нејзиниот Instagram или e-mail (a.hristina@hotmail.com).
Тања Петрушевска
Тања Петрушевска е фотографка – аматер, чија победничка слика беше направена со Samsung Galaxy S7. Контакт со Тања можете да воспоставите преку нејзиниот e-mail. petrushevskat@hotmail.com.