Многу модни брендови за облека, имаат исто така удел и во разубавувањето на нашите домови …
Тие создаваат мебел, декоративни предмети, детали за акцентериње, sидни тапети и сите останати работи кои еден стан или куќа го прават дом.
Брендот Louis Vuitton на модната сцена доминира со години наназад со своите иновативни но традиционални креации, а истото го прави и на полето со мебел и декорации за домот.
Нивната позната колекција Objets Nomades оваа година повторно доби неколку новитети, како што е прекрасниот Ribbon Dance, дизајниран од Andre Fu кој нè маѓепсува со своите заводливи линии и прекрасни форми.
Andre Fu е архитект и дизајнер кој стои зад бројни величествени згради, а неговото чувство за убавина зрачи од секој предмет на кој тој му вдахнува живот.