Елегантно уреден стан на Менхетен!
Комбинирајќи одбрани дела кои во себе вклучуваат квалитетен дизајн и изработка, овој простор е дефиниран со употреба на природни материјали и иновативни форми, исполнети со длабочина и текстура.
Темната маса од јасен и сетот од четири соодветни столици го формираат трпезарискиот дел, додека веднаш до тој простор сивата софа е придружена со голема тркалезна маса за кафе.
Во прилог на новиот мебел, во овој стан биле користени растенија, уметнички дела и декоративни мали нешта, кои овој стан го прават дом.