Колекција на тапети и текстил инспирисана од пустината и градот Маракеш …
Секој дизајн од оваа серија се наоѓа на завеси, тапети и домашни аксесоари.
Колекцијата е составена од суптилни неутрални тонови, па се до појаките нијанси на зелената и виолетовтаа. Оваа колекција создава апстрактна фокусна точка во секоја соба.
Тапетите и текстилот од оваа линија добиваат посебна димензија на ексклузивност, бидејќи првично биле создадени како дела на извонредни уметници, за подоцна да бидат префрлени на разни материјали, со цел интересните карактеристики да го разубават секој агол на вашиот дом.