Валенсија – Шпанија
Шпанскиот југоисточен град Валенсија е одговорен за паељата и многу други кулинарски атракции по кои Шпанија е позната низ целиот свет. Horchata е пијалок кој е направен од посебен вид млеко, а од него се прави сладолед со интересни додатоци во кои сигурно ќе уживате. Градините Туриа се место кое мора да го посетите, кога ќе ги испробате сите кулинарски чуда кои ги нуди Валенсија. Тоа е урбан парк кој го обиколува целиот град. Кружниот плоштад на Валенсија е место каде што можете да ги купите најубавите сувенири и тантела, а исто така и голем број на сирење, свежи сокови, вина, багети и чоколади.