Тенките, минималистички лустери претставуваат главен тренд во светот.
Но исто така, последниве години, можеме да забележиме како и прекрасните стилски лустери повторно се пробиваат во прв план. Меѓутоа, враќањето на ретро, вонвременскиот и индустрискиот стил, ни даваат одлична можност повторно да ја почувствуваме перфекција која со себе ја носат овие парчиња.
Брилијантните кристални лустери и драматични делови на светлата, можат да изгледаат потполно изненадувачки кога се користат на прав начин.
Од друга страна, впечатливи, уникатни и исклучителни лустери повторно се враќаат во мода. Црните лустери се многу ретки и повеќето од нас се стремат кон изборот на бели, проѕирни или дури и разнобојни париња. Меѓутоа, црните лустери можат да го дефинираат просторот, создавајќи чувство на софистицираност без преголем напор, истовремено овозможувајќи безконечни вклопувања во сите стилови.