Книги кои секоја жена треба да ги прочита:
Минатиот пат ја претставивме книгата – „Вториот пол“ на Simone de Beauvoir, а сега “Малите жени” од Louisa May Alcott
Прекрасна класика од 19-тиот век, која сеуште ја обожуваат сите жени во светот!
Романот зборува за одгледувањето на четири сестри, љубов кон семејството и ривалство. Потрагата по идентитетот, љубов, моќ, богатство, приоритети во животот и независноста на жената. Во тоа време, жените не можеле да се натпреваруваат со мажите во било која област, а оваа книга ги скрши сите стереотипи.
До денес, “Малите жени” редовно се печатат, се продаваат на милиони книги, а преведени се на повеќе од 50 јазици.
Првата театарска верзија била изведена на Бродвеј во 1912 година, а постои мјузикл и опера. Освен оние бројни филмови и телевизиски серии, во Јапонија направија дури и цртана серија од 48 епизоди.