Нема диплома без пиење вино …
Првите француски студии за вино започнаа во Стразбур: тоа е едногодишно студирање за дегустација на вино, педологија – науката за почвата и неврологијата која стои зад доброто вино.
Студентите можеби се познати по тоа што сакаат некоја голтка повеќе вино, а на еден француски факултет тоа се претвори во вештина која може да им донесе и факултетска диплома.
“Тлото од каде што потекнува е живо, во него се случуваат сите видови на физички, биолошки и хемиски процеси”, вели професорот по географија Доминик Шварц кој ќе предава на факултетот со цел подобро да се разберат локалните карактеристики на виното, а не на начините на кои со индустриското производство може да се зголеми износот на количината.
Жан-Мишел Дајс, кој има свое лозје од 27 хектари во близина на факултетот и ги спонзорира овие судии, вели дека студентите ќе научат да направат разлика помеѓу вината “енергија од која ви течат лиги” и од оние кои го немаат овој ефект.
Цената за овоие студии е нешто помалку од 5000 евра, што е многу ако се има во предвид дека многу факултети во Франција се бесплатни, но и малку ако цената се спореди со енолошките курсеви, кои немаат универзитетски печат.