Белгискиот дизајнер Раф Симонс ја претстави новата кампања која е слична на ревија во Кинескиот град, исто така инспирирана од Кина.
Уште еднаш, дизајнерот соработуваше со фотографот Вилијам Вондерер, додека ѕвездата на новата кампања е омилениот модел на Симонс – Лука Лемер. На фотографиите доминираат карактеристичните предимензионирани дизајни на Симонс, кои Лука ги носи ноншалантно.
Новата колекција за пролетта 2018 година е инспирирана од силното влијание на азиската култура, но наменета за западниот пазар.