Француската модна куќа ја поздравува пролетта со вистински твист. Добредојдовте во новата колекција на Twist MM Monogram.
Вистинското освежување од престижната модна куќа доаѓа во облик на торби кои се освежувачки модни додатоци со препознатливите монограми и разни инспиративни обрасци.
Ботаничкиот монограм кој ја краси класичната чанта од платно, е изработен од мазна телешка кожа во облик на цветови – за уметнички, женствен ефект со елегантен синџир. Совршена чанта за модерни девојки кои можат директно од канцеларија, да одат на некоја важна вечера.