Овој луксузен пентхаус се наоѓа во Тел Авив, Израел и се протега на три спрата.
Импозантниот пентхаус ги завзема 45,46 и 47-иот кат од W Tower и е во потрага по нови сопственици. Се наоѓа во луксузниот дел Park Tzameret, ексклузивен простор за оној кој ќе плати 8 милиони долари.
Станот нуди околу 400 квадратни метри чист луксуз со спектакуларен поглед на модерниот град и Средоземното Море, благодарение на стаклените површини од подот до таванот.
Луксузната резиденција има 3 спални соби и 3 купатила, кујна достојна на професионални шефови, како и врвни дизајнерски детали, така што секој момент поминат во овој дом е гарантирано незаборавен.
Овој пентхаус, исто така, има голема тераса со прекрасен градинарски мебел, каде што можете да се одморите и да уживате во спектакуларниот поглед.
Придобивките што се добиваат со купување на ваков пентахаус се големи, а само некои од нив се лифтот што ги поврзува сите три нивоа на живеење, како и приватен базен на покривот, за ултра хедонизам.
Навистина, во прашање е современо архитектонско ремек-дело што ќе ги задоволи и најкаприциозните купувачи..