Лондонската 02 Arena, ќе биде домаќин на ретроспективната изложба посветена на легендарниот музичар Prince.
Изложбата насловена како “My Name Is Prince”, ќе биде отворена на 27-ми октомври, а посетителите ќе имаат можност 3 недели да ги разгледаат: костимите кои музичарот ги носеше на своите концерти, гитари, рачно напишани текстови и лични предмети.
Изложените предмети најчесто доаѓаат од неговиот имот Paisley Park во Минесота. Една од организаторите е и неговата сестра Tyka Nelson, која вели дека е многу возбудена заради запознавањето со неговите обожаватели.