Идилично светло скривалиште кое ќе Ве поврзе со зелените пролетни вибрации!
Пастелни тонови и изобилство од растенија го акцентираат ентериерот на ресторанот The Botanist во склоп на хотелот Fairmont Pacific Rim во Ванкувер, кој служи појадок, ручек и вечера како за гостите, така и за секојдневните посетители.
Дизајниран од Ste Marie, ресторанот е поделен на четири зони, со цел да се здобијат гостите со различно кулинаско искуство во секој од нив.
Зоните вклучуваат шампајнско фоаје кое е приклучено на хотелското лоби, каде розови и златни полици креираат поп – атмосфера која придонесува и тоа како во францускиот стил. Контрасно се искористени темните бои како темната зелена за подот и завесите и различните нијанси на сива за површините на коктел барот.
Малечката тераса формира внатрешна градина во која проникнува флора со саксии во кои се засадени растенија од различна големина, опкружени со светилки кои придонесуваат за самовилско – магичната атмосфера!
Главната зона доминира со палета од светли тонови меѓу розова и беж, додека столовите се обоени во пастелна сина. Нежната нијанса на розова е исто така искористена за проѕирните драперии низ кои продира бојата низ потполно стаклените надворешни ѕидови.
Некои од столчињата имаат силни цветни дезени кои совршено се вклопуваат со дизајнот на терасата и се истакнуваат на светлиот дрвен под.
Повеќето од растенијата се „расфрлани“ низ просторот, опкружувајќи ги столбовите и украсувајќи ги сите четири зони.