Како да сварите јајца без вода? Во рерната! Откачено, нели?
Едноставно ставете ги јајцата на решетката од рерната или уште подобро во калапи за мафини и печете на 160C половина час. Веднаш штом ќе ги извадите од рерната, со помош на термо ракавици, натопете ги во голем сад полн со ладна вода, за да го сопрете процесот на готвење.
Подоцна, ќе ви биде многу полесно да ги излупите. Ако јајцата добијат кафени точки, веднаш штом ќе ги потопите во водата, точките ќе исчезнат.
Ако ги боите за Велигден, прво, кратко потепете ги во сад со ладна вода, а потоа обоите ги како што тоа обично го правите.