Без оглед на тоа дали сте новинар кој патува низ целиот свет или само барате место каде ќе го пиете вашиот омилен пијалак во мир, ние сме сигурни дека некаде во светот го имате вашиот омилен агол за пиење кафе.
Целата приказна за кафулињата започнала во 15 век во Отоманската империја. Некаде кон крајот на 17 век, тие се преселиле во Европа, а потоа се прошириле и во Америка. Кафулињата денес, станаа неизбежни места за собирање, места за дебати или дружење.
Првите кафе растенија во Европа доаѓаат од Отоманската империја во 17 век, а набрзо пијалокот од неговите темни, препржени зрна, станал многу популарен, па по примерот на традиционални кафеџилници во арапскиот свет, тие биле отворени во сите поголеми европски градови.
Претходниците на денешните кафулиња, веднаш станале омилени места за собирање на аристократијата, познати писатели, сликари, филозофи, политичари и револуционери.
Денес, во многу кафулиња се служи и храна.
Ви го претставуваме VOGUE CAFFE во Москва
Од своето отворање во јули 2003 година, VOGUE CAFFE во Москва постигна извонреден успех со комбинирање на класичната европска кујна со руско влијание. Со зачудувачки внатрешен дизајн, бели чаршафи, прекрасни цвеќиња и кристално стакло, ова кафуле е симбол на елеганција и стил.