Café Florian, Венеција
Café Florian е најстарото и најлуксузно кафуле на светот. Тоа постои од 1720 година, а денес подеднакво функционира како музеј и кафе бар.
Од неговото отворање, ова место редовно го посетувале аристократи, богати трговци, амбасадори од целиот свет, големи уметници и писатели, кои поминувале часови во некоја од шестете сали во кои сè мириса на луксуз.