Кога архитектка ќе одлучи да направи колачи, тогаш се создава вистинско ремек-дело. Едноставни, а сепак толку специјални, а тие се дело на Kie Utzon Frank.
Kia е млада девојка од Данска која е жителка на Лондон. Таа ги нарекува своите слатки креации “flødeboller”, или преведена од дански јазик “снежни топки”.
Нејзините снежни топки всушност потсетуваат на пенливи бакнежи во модерно издание кое е под влијание на архитектонскиот брутализам. Таа ги креира своите креации во уметничката галерија Барбакан во Лондон, а сите слатки залчиња се направени од природни состојки.
Изгледот на мермер и бетон го добива благодарение на пигментите од јаглен, бојата од црн сусам и ружини снегулки за ефектот на мермер, кварц и бетон, а внатре се наоѓа меко јадро како marshmallow и мус.