Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Александар Наумчески
(трет пат со победничка фотографија)
Архитеткт кој аматерски се занимава со фотографија, зад себе со учество на неколку групни изложби и една самостојна во мај 2016 под наслов „Имагинарен Град“.
„Мотивите кои ги забележувам во просторот околу мене се тесно поврзани со мојата професија и најголемо задоволство ми претставува да ги пренесувам приказните на градските форми, детали и бои. И во двата случаи композицијата е од пресудна важност, во архитектурата тежнееме кон хармонизирање на волумените и просторот кој ги создаваме, во фотографијата тежнееме кон хармонизирање на кадарот.“

Александар Костадинов
(втор пат со победничка фотографија)
Со инспирација за документација на природата, Александар е аматер – фотограф, кој се стреми кон професионализам.
Победничката фотографија е направена во Гевгелија. Објектот е гратската библиотека, која е во стилот на старата гратска архитектура.
Со фотографот можете да стапите во контакт преку неговиот Instagram или e-mail(acec65@hotmail.com).
Гага Угуровска
Гага е фотограф – аматер, која веќе зад себе има неколку професионални ангажмани за фотографирање на храна.
Победничката фотографија е направена во Берово, во Аурора ресорт и спа со NIKOND3300, 35mm, а е едитирана во Adobe Lightroom.
