Што сакаат жените? Всушност, само две работи, тоа е убава кожа и густа коса. Можеби и чоколадо кое нема да не здебели, но исто така и мир во светот. Но добро, не сакаме да бидеме алчни …
Дојде времето да прескокнеме едно нешто од листата на желби, а станува збор за густа коса. Тоа што доминираше на модните писти на ревиите на Jason Wu , Tory Burch и на другите познати дизајнери, сега влегува во нашиот секојдневен живот и станува нов тренд на фризура.
Најважно од се е дека оваа фризура, ниско пони опавче, најдобро изгледа на тенка коса.
Дизајнерите презентираа мазно, ниско пони опавче, кое изгледа стилски и се спушта од вратот по грбот.