Ако постои едно класично парче облека што никогаш не излегува од стил, тогаш тоа е сигурно матилот. Елегантен, секојдневен, неформален и пред се шик, без оглед на вашиот личен стил или било каде сакате да прошетате тој ден, мантлот е секогаш посакуван придружник кој ќе се вклопи со сè.
Сепак, скоро сите ние во нашиот плакар имаме класичен мантил во беж или црна варијанта. Но, оваа сезона, ќе доминираат малку поинакви. Се разбира, ништо нема да го симне од престолот вистинскиот класик, но време е својата гардероба да ја оплемениме со малку помодерен и невообичаен мантил.
Дали ќе го одберете тој во црвена или зелена боја, а можеби ја претпочитате промената на материјалот и ќе изберете имитација на брушена кожа или лесен твид, сето тоа зависи од вашите лични преференции.