Доколку сте во потрага за одмор и релаксација на сред бујна, егзотична вегетација и миризливи шарени градини, ова магично одморалиште е како дизајнирано за вас.
Barai е СПА центар лоциран во рамките на хотелот Hyatt Regency Hua Hin на Тајланд.
Пенливи базени, место каде што владеат мирот и спокојството со фантастични архитектонски елементи, инспирирани од античката кмерска култура, тоа е Barai SPA центарот кој обезбедува светска услуга со исклучителни сместувачки капацитети.
Исклучете ги вашите телефони и уживајте во единствениот концепт на резиденцијален СПА центар кој содржи неколку луксузни апартмани, специјално дизајнирани и прилагодени со СПА третмани.
Апартманите се или на приземје со пристап до фантастична градина или се горе на катот со пространи балкони кои нудат спектакуларен поглед на тајландскиот залив, како и приватни соби за масажа и третмани.
Едно е сигурно, ова место ќе го напуштите со голема насмевка на вашето лице.