Новата колекција на брендот John Galliano за есен/зима 2018 е инспирирана од азиската култура.
Дизајнерот Bill Gaytten ја претстави облеката за мажи со интересни парчиња и принтови. Моделите со жакард ткаење и калиграфски отпечатоци се претставени како кежуал облека, но во исто време, ја прават погодна и за формални прилики.
Bill Gaytten е препознатлив по креирање на облека која носи младешки дух со одредена зрелост.
Во оваа колекција посебно се издвојуваат богато декорираните капути, печатени маици и елегантните карго панталони. Сепак, фаворити на оваа колекција се дефинитивно кимоно јакните.
Колекцијата е храбра, еклектична и интерпретирана на шик начин.