Ви ја претставуваме новата Coco Avant Chanel колекција на прекрасен луксузен накит, која ни ја раскажува приказната за Габриел Коко Шанел од младите денови, пред да стигне во Париз …
Оваа ексклузивна колекција на накит содржи 11 сетови, кои се специјално дизајнирани како омаж на раните денови на основачката на познатиот бренд, која беше вистински револуционер на женската мода и силуета.
Прекрасните детали на високата мода, како што е нежната розе или сива тантела, се трансформирани во извонредни сувенирски креации, акцентирани со злато и скапи камења.
Колекцијата содржи ланчиња, нараквици, прстени, обетки, часовници, брошеви и украси за коса, декорирани со морганит, бисери, месечеви камења, падпардаша сафири и дијаманти.
Сепак, најважното парче од колекцијатата дефинитивно е огрлицата “Gabrielle Chanel” создадена од 18 каратно бело злато, со кружни и брилијантно сечени дијаманти, со вкупна тежина од 51,22 карати.