Архитектите на SAOTA скоро завршија со работа на неверојатната резиденција во Сен Тропе, Франција, што се чини дека има се што некому ќе му затреба …
Ова не е раскошна куќа, бидејќи нејзиниот фокус е на дизајнот, а не на величината, што секако не значи дека не е импресивна. Всушност, таа е една неверојатна куќа од било кој агол да ја гледате. Таа има совршен поглед кон блиската борова шума и пристап до големата градина и базен.
Како што е случај со прекрасните резиденции, најимпресивната страна на оваа куќа не е само таа што се гледа од страната на улицата, туку и нејзиниот двор. Оваа резиденција се отвора кон терасата и градината со водопад, терасата за сончање, базенот и шумата, која е идеална позадна на сите овие елементи.
За разлика од задната страна на оваа куќа, нејзината улична страна има затворена фасада со само неколку отвори кои се или долги и хоризонтални или тесни и вертикални, а постојат само за да се овозможи пробивот на природната светлина во одредени делови на овој дом, без да се наруши приватноста. Влезниот дел на оваа вила е исто така многу интересен, со масивна главна врата, украсена со гломазен скулпторски дел.
На спротивната страна на куќата има големи прозорци без рамки кои обезбедуваат панорамски поглед и пропуштаат голема количина на природна светлина за да се обезбеди блиска и пријатна врска помеѓу отворените и затворени простори. Задната фасада има големо отворање, што доведува до ниво на двојна висина украсена со грандиозни лустери.
Како што можете и самите да заклучите, оваа вила е неверојатна и едноставно не и се потребни никакви подобрувања. Нејзиниот внатрешен дизајн е едноставен и софистициран, нудејќи во исто време непречено поврзување на двата света.