Убава куќа на прв поглед. Станува збор за куќата на актерката Елен Помпео, попозната како Мередит Греј во серијата Вовед во анатомијата.
Актерката Елен Помпео и нејзиниот сопруг, музичкиот продуцент Крис Ивери, тукушто ја продадоа својата прекрасна куќа во Саг Харбор, Њујорк. Прекрасната куќа во рустикален стил, беше продадена за 3,5 милиони долари.
Елен и Крис оваа куќа ја купиле во 2011 година за 925.000 долари. Куќата е распространета на 223 квадратни метри и се состои од четири спални.