По големиот успех на ревијата во минатиот септември помеѓу брендот Off-White и легендарниот бренд на чевли Jimmy Choo, најпосле, се појави на пазарот новата колекција.
Фантастични стилови се понудени во колекцијата, вклучувајќи чизми над колена, сандали со ремени, сатенски елегантни чевли со висока штикла или црни чевли со декоративни каменчиња.
Чевлите се украсени со цвеќиња, логоа, отпечатоци, тул и Swarovski кристали. Без разлика дали сте љубител на рамни и едноставни чевли за прошетки низ градот, или обожувате гламурозни црни салонки – во оваа колекција ќе најдете се што ве интересира.
Откријте некои од прекрасните модели на оваа колекција…