Црната кожна јакна доби конкуренција!
Црната кожна јакна не има спасено безброј пати во сите можни ситуации и кај сите модни комбинации и затоа ја сакаме. Всушност, црната кожна јакна е безвременски класик, која се прилагодува на секоја модна комбинација и инстант ја прави супер кул.
Но, љубовта кон црната кожна јакна има и свои мани, а главната мана е што забораваме дека има и други бои на нашата најомилена јакна.
За сезоната која доаѓа подобро да ја одберете таа во каки нијанса, која најмногу ја гледаме на модните писти, бидејќи сега е време на модните недели што е идеално за скенирање на најновите трендови, пред добро да се подготвиме за пролетниот шопинг.