Диета која ве прави послаби и попаметни во исто време?
Да, навистина постои! Бидејќи одредена храна не е само ниска во калориите, туку го стимулира и мозокот.
Mind диетата ги комбинира различните диети и дозволува консумација исклучиво на здрава храна. Оваа диета вклучува храна како што се риба, грашок и јаткасти плодови, но понекогаш може да се наградите и со чаша вино.
Кога станува збор за паметна диета, важно е целосно да се избегне нездравата храна. Тоа значи , без брза храна, црвено месо и слатки, односно сите причини за висок крвен притисок и долготрајно зачепување на артериитие со маснотии. Наместо тоа, диетата се потпира на целозрнести житарици, бобичасто овошје и многу зеленчук.
Тогаш, одберете храна со малку масти и која има хипотензивни својства. Од една страна придонесувате за губењето на килограмите, а од друга страна влијае на менталното здравје. За меѓу оброци кога ќе ве фати глад, Mind диетата, препорачува да се користат јаткасти плодови и чаша вино, што ја стимулира циркулацијата.
Можете да ги јадете овие производи: зеленчук, бобичасти плодови, цели зрна, пилешко, риба, грав, маслиново масло, вино, јаткасти плодови.
Не смеете да јадете овие производи: слатки, брза храна, пржена храна, црвено месо, путер, сирење.
На здравје!