Италијанскиот моден бренд Ermanno Scervino е дефинитивен зависник, кога станува збор за карираниот дезен.
Тоа го докажа со најновата колекција за есен-зима 2018 година. Италијанскиот бренд ни претстави колекција која очигледна е инспирирана од шкотскиот кариран дезен.
Rock ‘n’ roll стилот е исто така препорака за следната сезона. Предлагајќи го шкотскиот дезен како постојан на модната сцена, италијанскиот дизајнерски бренд создаде модели, користејќи специјална пачворк техника.
Со многу остри линии, брендот во рамките на колекцијата ни прикажа машки кошули изработени од волнен муслин, палта и тренерки со Prince of Wales дезенот.
Современите мажи во колекцијата исто така можат да најдат трикотажа на линии, како и карирани јакни. Кога се работи за дополнителни аксесоари, во понудата се кожни brogue чевли, чизми, патики и ремени со шкотска шара.