Со инспирација која потекнува од алпските пејсажи, дизајнерот Alesandro Sartori ги испрати своите модели да прошетаат по модната писта покриена со снег …
Иако брендот Ermenegildo Zegna нуди зимска гардероба со јаки бои, во центарот на нашето вниманието се како и до сега, неверојатните кроеви. Класичните одела се приклучија со Сарториевиот додаток, во вид на мантил, сако и прслук.
Zegna мажот ужива во моментите во висока мода, што можевме лесно да забележиме, гледајќи ја модната ревија, која започна опуштено.
Прво се прикажаа гломазни капути и јакни, следени со плетени парчиња и ролки, за потоа, графичките дизајни да додадат вистинска доза на возбуда, заедно со кожните торби. Моделите на Ermenegildo Zegna се модерни во секој период од годината.