На екстравагантностите им нема крај! Посебно во индустријата која се занимава со организирање на свадби. Постојат модерни торти, но постојат и фантастични фенси свадбени торти.
Замислете слоеви и слоеви на торта, која е ремек-дело и е создавана со денови? Оваа торта создадена од Debi Vingam, не е традиционална свадбена торта. Таа не е личи на било која торта, што некогаш сте ја виделе.
Тоа е торта во природна големина на невестата и чини неверојатен милион долари! Дали ги споменавме дијамантите?
Тортата од милион долари што ја претставува невестата во реална големина со се венчалниот фустан, бидермејерот, шамијата и секако дијамантите, беше изложена во Dubai World Trade центарот, во февруари оваа година.
Се разбира, дијамантите беа отстранети пред да се исече и послужи тортата. Илјадници цвеќиња и бисери кои се јадат, го красеа “невестинскиот” фустан.