Новата кампања на познатиот дизајнерски бренд Oscar de la Renta, беше снимена во сликарско студио….
Звездите на кампањата, моделот Mariacarla Boscono и Duckie Thot, ни даваат само мало наговестување за она што големата модна куќа го подготви за пролет оваа година. Судејќи според фотографиите, брендот не отстапува од елегантната женственост, но и од коктел фустаните кои се заштитен знак на куќата.
Нам посебно ни се допада Mariacarla Boscono на една фотографија од кампањата, облечена во туника која изгледа како да е испрскана со сликарски бои.