Има ли поубаво чувство од наезда на пеперутки во сите нијанси и бои?
Има ли подобро чувство на утринско будење со насмевка на твоето лице, мисли кои се окупирани само од љубов?
Како одеднаш сè станува поинаку …
Срцето станува храбро, ѕвездите стануваат посветли …
Изгледа како да треба да минат денови и години, бури и ветрови, се чини дека е трнлив патот до вистинската среќа и љубов.
Убаво е да се биде вљубен и да се има пеперутки во стомакот, уште попријатно е да се сака, но важно е никогаш да не заборавиме кога сакаме да се почитуваме самите себеси, бидејќи само тогаш можеме да и го дадеме на саканата личност вистинито јас за нас, а во исто време да ги пуштиме пеперутките со нашите мисли, души и со своето срце, затоа што тие само нè прават среќни.
Моите пеперутки се навистина посебни … тешко, многу тешко е да се најдат и многу, многу се ретки, а нивниот животен век е краток. Кога ќе слетат на нашата душа, едноставно треба да им се препуштиме и да уживаме …
Препуштете им се и вие…