Едноставна и лесна осумчасовна диета, ќе ве импресионира со своите ефекти кои се научно докажани. Откако ќе ја пробате, таа ќе стане вашето ново омилено оружје во борбата против несакани килограми.
Основата на осумчасовната диета или како што уште се нарекува, диета 16: 8 е принципот на интервали и потрошувачка на храна во одреден интервал. Тоа значи дека можете да јадете само 8 часа на ден, а останатите 16 мора да бидат ограничени на вода или чај.
За прв пат во врска со овој диетален систем на прехрана, почна да се зборува во 2012 година, кога е објавена книгата на David Zinczenko, која набрзо стана бестселер на New York Times. По неколку студии кои ја докажаа ефективноста на оваа исхрана без негативни здравствени ефекти, сега повторно стартува нов бран на овој вид на диета.
Временската рамка можеби е единствениот услов кон кој треба да се придржувате. Можете да изберете интервал за јадење од 7 или 11 часот наутро. Што ќе јадете, е исклучително ваш личен избор. Нема граници, но сепак внимавајте на основните правила на исхрана. Многу зеленчук, овошје и минимален внес на слатки и пекарски производи.