И покрај популарното верување, нема ништо лошо во декорирањето на станот или куќата со мебел и мали ситници од различни епохи …
Овој искличително шик париски апартман зрачи со безвременски стил и со гордост ги претставува модерените црно бело цветни тапети, софи и фотељи во ретро стил на шеесеттите години, класични парчиња на мебел од дрво, модерна осветлување и класично орнаментниот камин.
Во овој француски апартман, кој е олицетворение на стил, можеме да видиме места окречени со шик нијанси на крем боја, во близина на просторот кој има темно сиви ѕидови. Контрастот на светлото и темното кој е претходно наведен е навистина храбар потег, но е многу допадлив за сите оние кои не се плашат од ризик.
Со цел да се создаде илузија на поголем простор, секоја соба има украсено златно огледало, поради кои просторот се чини далеку повеќе простран, отколку што навистина е.
Ако се идентификувате со оваа приказна на храброст и смелост, обидете се сами да создадете стан како овој, наоѓајќи инспирација во неговите дизајнерски елементи. Ние веруваме дека нема да се покаете.