Пред почетокот на модната недела во Њујорк, вистинските познавачи на боите Pantone, објавија листа на трите главни нијанси за наредната есен, вклучувајќи ја и главната боја 2018 година, Ultra Violet, која веќе почна да ги освојува нашите гардеробери, но и домови.
Листата исто така ги вклучува и боите под име Red Pear, Valiant Poppy и Nebulas Blue, а ги пратат Ceylon Yellow, Martini Olive, Russet Orange и Ultra Violet, која истовремено е и боја на годината. Од осмото до десетото место на листата се наоѓаат Crocus Petal, Limelight и Quetzal Green.
Како што наведуваат од Panton, потрошувачите почнуваат да ги напуштаат циклични трендови во корист на самоизразувањето. Поради оваа причина на овој список на главни бои за есен/зима 2018 година се пригушените, но и оние светли нијанси кои традиционално се поврзуваат со пролетно / летната сезона.