Многумина паузата ја користат за да јадат или да запалат цигара и да разговараат со колегите, но има една многу подобра работа, што ќе ви овозможи да бидете попродуктивни и енергични …
Секому работата му е тешка и заради тоа, секој едвај чека кога ќе дојде времето за пауза. Иако главната пауза е предвидена за оброци, исто така постојат и оние кратки паузи кои можеме да ги земеме, од време на време и кои ни овозможуваат да се одмориме малку од напорната работа. Меѓутоа, скоро сите, овие паузи ги користат за да спремат ново кафе или да запалат цигара со колегите.
А всушност тоа што треба да го направите е, да излезете однадвор и да направите краток круг. На овој начин, ќе се размрдате, ќе го иницирате крвотокот, ќе внесете повеќе кисолород во вашето тело, ќе се рабудите и истовремено подобро ќе размислувате.
Голем број вработени за време на паузата и понатаму остануваат на своето работно место, седејќи и гледајќи ги социјалните мрежи и читајќи вести.
Можеби ова ве ослободува, но тоа во никој случај не е добро за здравјето на вашиот организам. Потрудете се секој ден, да одите на една кратка прошетка, најмалку 10 минути и ќе видите дека ќе се чувствувате подобро и ќе постигнете подобри резултати на работа.