Иако се уште е зима, Candice Swanepoel веќе ни подготви нешто убаво за летото.
Супермоделот стана дизајнер на костими за капење. Првата колекција на ангелот од Victoria’s Secret , веќе нè внесе во светот на соништата и топлото време.
Модели кои станаа модни дизајнери, станаа вообичаена работа овие денови. Во последниве неколку недели, Candice Swanepoel, повеќе пати ги презентираше поединечните парчиња од нејзината прва колекција на костими за капење, наречена ‘Tropic of C’.
Нашата прва мисла е дека ние веднаш треба да тргнеме во теретана, бидејќи овие костими за капење, кријат многу малку. Имено, секој модел има многу високи отвори на нозете и целосно ги откриваат колковите.