Во октомври месец минатата година беше остварена соработка помеѓу двата модни бренда Balenciaga и Crocs.
Toгаш за прв пат, пред публиката беше претставен моделот на пластични сандали на платформа, кој предизвика низа бурни реакции и поделени мислења кај љубителите на модата, од негодување па се до воодушевување.
Сепак мислењето на многубројните модни експерти не е најпозитивно, но и покрај тоа, тие се продадени онлајн за 850 долари и тоа за неколку часа од нивното појавување.
Може да се најдат во неколку бои, розева, црна, зелена и беж.
Драги наши дами, како ви се допаѓа вам овој модел и дали вие би ги облекле во сезоната која следува?