Канадската дизајнерка Marta Sturdi, ги комбинира геометриските форми и светли бои за да создаде колекција на мебел изработена од смола.
На презентацијата во рамките на Masion & Objet Furniture Fair во Париз, колекцијата Prime, како што таа ја нарече, доби бројни аплаузи. Колекцијата содржи маси, столици, декорација за ѕидови и полици.
Секој дизајн е креиран во различни форми како цилиндер, коцка, круг или квадрат. Боите се ограничени, претежно основни и затоа доминираат црвена, жолта, сина, црна и бела боја.
Обоената смола е направена со различни нивоа на заситеност, со непроsирен финиш за жолтите и црвените предмети, како и проѕирен финиш за сината.
Според дизајнерката, колекцијата е наменета како “студија за едноставноста”. “Самата колекција функционира како градежни блокови, едно парче може да стои самостојно, но и целиот простор може да се креира и пополни со оваа колекција”, изјави дизајнерката.