Продавницата “Марни” во Париз на Сент-Оноре 231, ќе се претвори во маркет на Марни во времетраење од 5 месеци. Таму ќе најдете ретка збирка предмети за домот и детски играчки, а концептот ќе се менува три пати во периодот од 5 месеци.
Сите посетители на Marni маркетот ќе ги пречекуваат дрвени куклички, рачно обоени со светли и весели бои. Целиот приход од продажбата на овие Марни фигури, ќе биде пренесен на здружението Piccolo Principe, кое ќе им помогне на децата до пет годишна возраст, кои иматаат тешкотии во развојот.
Од почетокот на февруари, светот на куклите ќе се претвори во простор за игра – Marni Playful Market.
Секој кој ќе се најде во продавница до 12 април, ќе биде замолен од продавачите на Марни, да заборават на предрасудите и да го разбудат внатрешното дете кое спие во нив.
Последното поглавје наречено е Marni House Market, а ќе започне на 13 април и ќе трае до 18-ти мај, кога ќе се совпадне со Миланската модна недела, во која овој бренд учествува веќе неколку години. Тоа ќе биде период на презентацијата на предмети за домот, кој го создадоа занаетчии од различни земји од светот.