Puma и Hello Kitty ги здружија силите во нова соработка со која Puma ќе прослави 50 години на култните патики Suede Classic.
Оваа година најпознатите патики на Puma ќе слават 50 години, а брендот не заборави да подготви посебна прослава за овој значаен датум. Патиките Suede беа едни од најчесто гледани на спортистите, претставниците на урбаната култура и славните личности, а брендот сега одлучи да направи соработка со многу необична, но најслатка мачка во светот, Hello Kitty.
Покрај култните патики, колекцијата вклучува и две верзии на ранци, капа, мајца и тренерка.