Се обидуваме да ја контролираме постојаната желба за купување, но откако ќе видите што ни подготви Зара за оваа пролет, нема да ви биде лесно да се воздржите.
Колекцијата на Зара за пролет 2018 година, содржи се што сакате и се што би требало да имате за новата сезона. Од идеални јакни до совршени фустани за свадби, интересни кроеви, ориентален дух и радост на животот. Исто така мораме да истакнеме дека оваа кампања е една од најдобрите што до сега сме ја виделе од работилницата на овој моден гигант.