Лондонскиот Mayfair е познат по својата елеганција и луксуз …
Овде ќе ги најдете најдобрите лондонски ресторани, хотели и традиционални пабови, славни кројачи и дизајнерски бутици – навистина е едно од најдобрите места, кои можете да ги посетите во овој град.
Покрај луксузот, Mayfair има амбиент кој не е како на другите места во Лондон – во него одлично се комбинираат традицијата и модерните содржини. Токму заради оваа уникатна атмосфера, компанијата Shalini Misra Ltd, се стреми кон совршенство, со проектот Mayfair Squat.
Ви прикажуваме простран стан во срцето на Mayfair, кој се наоѓа на првиот кат и ја впива сета убавина на овој дистрикт. До станот може да се стигне по скали или со со лифт, а во него, по влегувањето, можете да очекувате изобилство на ексклузивни детали.
Ситници вредни за восхит, всушност, го красат целиот негов простор.
Арт Деко подови и високи тавани, го прават овој стан многу простран и гостопримлив.
За дизајнот на овој стан се користени само најдобрите материјали, кои можете и самите да ги забележите ако ги погледнете камените подови и изборот на мебел. Во овој проект, клучните состојки се страста и љубовта кон добриот дизајн.