Внатрешниот дизајн во домот, зборува многу за својот сопственик.
Ако сакате вашиот ентериерот да изгледа софистицирано и со стил, морате да посветите поголемо внимание на најпопуларните стилови за секоја сезона.
За да го направите тоа, едноставно читајте и следете ги трендови во дизајнот на ентериерот за 2018 година.
Пролет: пастелни бои и цветни мотиви
Ако сакате вашиот дом да ја одрази целата убавина и свежина на пролетната сезона, ќе треба да дознаете повеќе за најголемите и најдобрите стилови за следните месеци.
Хит бои: очекувајте насекаде, пастелни тонови и пудреста розова да доминираат за време на пролетта, но не се изненадувајте кога ќе најдете и на меките тонови на нането.
Пролетни мотиви на цвеќиња ќе бидат во тренд и присутни во домот, на sидовите како и на мебелот.
Лето : Сезонски бои – сина, тиркизна, црвена … материјали со морски цртежи и крајбрежни отпечатоци, ќе се најдат на ѕидовите и мебелот во многу домови.
Есен: рустични и топли тонови
Цврсти материјали и текстури, ќе создадат природно и удобно опкружување кое е идеално за есенската сезона. Затоа, вклучете дрво, тули и тешки материјали во вашиот ентериер, оваа есен.
Рустикалната галантерија, исто така, е популарна кај дизајнерите на ентериери, бидејќи ги користат топлите тонови и уметничките изработки од дрво .
Зима: луксузен стил и инспирација од различни земји
Богати и интензивни нијанси, ќе владеат во дизајнот на енетериерите во зимата 2018.